Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
19.11.2006 18:32 - Психоанализа на македонците
Автор: bulmak Категория: Други   
Прочетен: 2579 Коментари: 2 Гласове:
0



Македонците љубат да се нарекуваат себеси со деминутив. Ваквиот дебилен однос заслужува фројдовска психоанализа: Македонецот живее во својот мал, тесен, клаустрофобичен, непролуфтиран свет, во кој мазохистички ужива. Остатокот од планетата нему му изгледа непријатно туѓ, застрашувачки голем, несовладлив, неопфатлив, несфатлив... Како и секој мал провинцијалец, Македонецот се плаши од комуникацијата со планетата на која живее, немајќи сили (читај: образование, воспитание, мудрост, манири) да ја совлада сопствената инфериорност. Нарекувајќи се себеси со деминутивот "Македонче", Македонецот си прави алиби и однапред се амнестира себеси за своите неуспеси: "Светот е толку голем и страшен, а јас сум толку мало Македонче, во своето државиче, со корумпирано владиче, со дебело жениче, со мизерно платиче, со какво-такво количе, со салосано стомаче (полно со ајварче), со ретардирано мозоче, со стегнато душиче, со дечиња - кретенчиња, со животец - пустец, кој го живеам за да го преживеам...". И покрај ваквиот самокритичен однос, Македонците уживаат да зборуваат за својата култура и традиција. Звучи апсурдно, но Македонците не поседуваат ниту автентична култура ниту автентична традиција - нивната антика е римска, нивните цркви се византиски, нивните амами се турски, нивните палати се српски. За да поседуваш автентична култура, мора да поседуваш држава - културата ја претставува државата, а државата ја гради културата. Македонците немале држава со векови - денес, кога ја имаат, немаат потреба од култура.
* * *
Македонците се опкружени со разни соседи, со кои градат мошне чудни односи - презир кон Албанците, со кои живеат, комплекс од Србите, од кои се одделија, вазалство кон Грците, со кои имаат низа историски и политички спорови... и еден прилично инцестуозен однос со Бугарите, кои притоа не ги признаваат!
* * *
Но Македонците немаат време да се трудат. Имаат поважна работа: СДСМ или ВМРО, вонредни или редовни избори, еден или два мобилни оператори, марка или долар, "хонда" или "хјундаи", плавуши или црнки, село или град, ајвар или пинџур, комшијата или јас...
Историјата е добра учителка, но ги учи само оние што сакаат да научат. Доколку нема желба за учење, нема ни прогрес. А кај што нема прогрес, не треба да има ниту држава ниту нација!



Тагове:   македонците,


Гласувай:
0
0



Следващ постинг
Предишен постинг

1. анонимен - Evala, Bulmak
24.01.2007 23:02
Ей братче, умрях си от смях... Ти направо си Алеко Константинов от Македония!
цитирай
2. анонимен - Ти си добар психоаналитичар, ос...
21.02.2011 07:18
Ти си добар психоаналитичар, особено по ова што го прочитав. Ти благодарам што ми ги отвори очите, за да сватам што сум јас. Сега се ми е јасно, само едно не.. зошто толку сте се фатиле со МАКЕДОНЦИТЕ?! Аааа.. трн во око ви се бре.. :/
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bulmak
Категория: Други
Прочетен: 296046
Постинги: 17
Коментари: 668
Гласове: 99
Архив
Календар
«  Септември, 2021  
ПВСЧПСН
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930